Претседателот на партијата Македонска алијанса, која е долгогодишен коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и дел од коалицијата “За подобра Македонија”, присуствуваше на свечената инаугурација на новиот американски претседател Доналд Трамп.
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски важи за еден од економски најуспешните Македонци во светот. Тој е можеби најголемиот афирматор на историјата на македонскиот народ и Македонија. На покана на својот дологогодишен пријател, Републиканскиот Конгресмен, Рон Де Сантис, тој беше дел од свечената инаугурација на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп.
Џорџ Атанасоски има трајни врски со Републиканската паритја и е долго време поддржувач на Доналд Трамп.
Според партијата Македонска алијанса, доаѓањето на новиот претседател ќе промени многу работи, секако во позитивна смисла. По 20 јануари ќе се отворат нови перспективи за остварување на нашите стратешки цели, велат од партијата.
Како дел од коалицијата “За подобра Македонија”, Македонска алијанса ја поддржа најавената десоросоизација.
Имаќи ги во предвид претходните 8 години доминација на Демократите и тоа како нивното владеење се одрази врз состојбата во Македонија, мнозинството Македонци беа расположени да победи Доналд Трамп на последните претседателски избори.
Ф.Г.