Врие од полиција во прилепската Стара чаршија. Припадници на МВР го обезбедуваат просторот околу локалите во близина на Градската саат кула, а според информациите од граѓани очевидци непознато лице оставило бомба кашикара во еден од локалите.
На социјалните мрежи веќе се појави фотографија од бомбата, а полицијата работи на отстранување на ekcплозивната направа.