Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, деновиве бил во Минхен каде ги следел натпреварите на македонската ракометна репрезентација од групната фаза на Светското првенство.
Неговото присуство на трибините во спортскиот центар “Олимпија Хале” беше забележан и изминатите денови, а после вчерашниот натпревар Јованоски се соочил со македонската фаланга.
Имено, според видеото кое се појави на социјалните мрежи, еден од нашите навивачи го довика градоначалникот, а откако се поздравиле му вели да му порача на Заев дека игра Македонија, а не Северна.
Видеото погледнете го во продолжение:
Јунаците играат за #Македонија, а не за северна.
Еј Зоќи @Zoran_Zaev Цару наш северномакедонски, абе ти го пренесе поздравот Муцето море?#ЧеСиПадните и #ЧеСиЛежите, пренеси му ти на Муцето.#НикогашСеверна #СекогашМакедонија pic.twitter.com/9H4vOlsW1S— Фортификација (@Fortifikacija) January 18, 2019