Ексклузивно Видео: “Ѓавато скоро непроодно, Македонија пат изненадени од снегот??”

Обилни врнежи од снег денеска ги зафатија планинските превои. Снегот одново ги изненади од Maкедонија пат од каде веројатно не очекуваа дека снегот ќе го блокира сообраќајот.

Видеото во продолжение е од планинскиот превој Ѓавато, каде сообраќајот се одвива тешко и има големи застој.

Под влијание на Медитеранскиот циклон ОЛИВИЈА до крајот на денов ќе имаме облачно време со врнежи од дожд во најголемиот дел од државава додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде очекуваме значително зголемување на снежната покривка (за 20 до 30 цм, можно е и повеќе), анализира метеорологот Славчо Поповски.

Снежната граница може да се спушти и нешто под 1000 метри па така врнежи од дожд и снег можни се и во некои од пониските места во државава. Количеството на врнежи локално ќе изнесува и над 30 л/м2 и тоа особено во јужните предели на државава.

Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 10 степени. Нов бран на врнежи, овој пат претежно од дожд очекуваме од вторник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.