Ексклузивно: “УЖ стана член на ЕПП”

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е примена за членка на Организацијата на жени на Европската народна партија (EPP Women) на Конгресот кој се одржува во Виена 18-19 октомври 2019.

На состанокот во седиштето на Австрската народна партија присуствуваат претседателката на Унија на жени, Благица Ласовска и секретарот за меѓународна соработка на Унијата, д-р Христина Рунчева Тасев.

Со овој прием, се заокружува вклученоста на сите структури на партијата во Европската народна партија, која е најбројната партија во Европскиот парламент и се потврдуваат европските аспирации на ВМРО-ДПМНЕ и придонесот на жените во креирањето на политики на европско ниво.

На Конгресот на женската секција на Европската народна партија е усвоена резолуцијата “Женски визии за подобра Европа” која се однесува на приоритетите за делување на Европската комисија во периодот 2020-2024 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.