Македонија вечерва со почеток од 20:30 часот ги стартува натпреварите на Светското првенство во Египет.
Противник на нашите момци е фаворизираната Шведска, која на првенството допатува ослабена без поголем број играчи зapaзени со кopoнавиpycoт.
Последен пат на големо натпреварување со Швеѓаните се сретнавме во 2012 година, кога одигравме 26:26. Македонија на Европското првенство во Србија го освои петтото место.
Македонската химна тогаш грмеше од илјадници грла навивачи кои беа присутни во Ниш. Погледнете:
Со Швеѓаните игравме и во април месец истата година, кога на квалификациите за Олимписките игри загубивме со 23:27.