Едно поинакво виртуелно искуство: Прошетајте низ античкиот град Стибера кој се наоѓа во близина на Прилеп

3дружението “Концепт за култура” од Скопје, кое работи на промоција на културно историското наследство на Македонија, во соработка со Министерството за култура, се во процес на изработка на 40 виртуелни прошетки (20 цркви и манастири и 20 археолошки локалитети).

Една од овие виртуелни прошетки е направена во археолошкиот локалитет Стибера кај прилепско Чепигово.

Археолошкиот локалитет Бедем или античка Стибера се наоѓа 0,2 км јужно од село Чепигово.

Стибера била политички, економски и културен центар во областа Дериоп. Тој израснал во значајна градска населба со свои тела на управување и општествени јавни институции, Ефебија и Гимназион кои го креирале вкупниот економски, културен и политички живот на областа Дериоп и пошироко.

Својот процут градот го доживеал во римскиот период особено во I-II век од н.е. за време на династиите Антонини и Севери.

Животот во Стибера згаснал во втората половина на III век од н.е. одеднаш и насилно. Времето се совпаѓа со ограбувачките походи на Готите и Херулите кои во два наврати пустошеле во овие краишта (267/68 и 268/69 г. од н.е.). Во крајот на III и почетокот на IV век врз урнатините на градот се изградени скромни грдби, кои освен остатоци од огништа не се зачувани други градежни елемнти.

Прошетајте низ Стибера ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.