Едно е факт! Велески недостасува во одбраната цела сезона – Ќе може ли Прилеп вечерва да направи чудо во Охрид?

Eкипата на РК Прилеп вечерва со почеток од 18:30ч, а во рамки на 14-то коло од Супер лигата, гостува кај одлилниот Охрид.

Охриѓани кои сезонава имаат 10 победи и само 3 порази, котираат зад водечката тројка Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Вардар. На своето конто имаат 20 бодови, а ветер во грб им е македонската ракометна икона, тренерот Стевче Алушовски, како и одличната публика.

Прилеп треба да направи чудо за да освои бодови на овој натпревар, особено ако се земе во предвид дека одбраната не им е најјака страна сезонава.

Целата спортска јавност знае дека во тој дел се чувствува празнината која ја остави Филип Велески, па не случајно тимот речиси редовно прима над 30 гола во утакмица.

Како и да е, доколку прилепчани прикажат добра игра на сите полиња, ќе имаат шанса да ја продолжат добрата серија од три победи, еден нерешен резултат и еден пораз во последните пет натпревари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.