Едноставна вечера: Одличен рецепт за пилешка салата на која ретко кој ќе одолее

Оваа салата може да ја искористите и како замена за руска салата на вашите прослави, но е одлична за појадок или вкусна вечера.

Потребни состојки:

150 грама варено пилешко месо, 100 грама динстани шампињони, 100 грама варен ориз, сол, 200 грама павлака, семе од сончоглед, мелен лен, мелен сусам

Вареното пилешко ситно исецкајте го, а динстаните шампињони исецкајте ги на листови. Измешајте го месото, оризот, шампињоните, посолете, додадете ја павлаката и се’ убаво соединете.

На крај зачинете со сончоглед, лен, сусам или семе по ваш вкус.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.