Една од последните средби на Градоначалникот со Стопанската комора? (Видео)

Денеска одржавме работна средба со претставници на Министерството за надворешни работи и со компании членки на Регионалната стопанска комора со седиште во Прилеп – информираше градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски на ФБ.

“Заедно со прилепските стопанственици, а во присуство на амбасадорот Игор Попов, директор за економска и јавна дипломатија, како и Сузана Тунева, Бекри Ајдини, Илија Псалтиров и Абдилџемил Саити, економски советници за Република Турција, ОАЕ и земјите од заливот, Полска и земјите од Вишеградската група, како и за СР Германија и Австрија, разговаравме за унапредување на соработката помеѓу МНР, локалната самоуправа и бизнис секторот.

Во општина Прилеп постојат голем број стопански субјекти кои се извозно ориентирани и кои се заинтересирани за освојување нови странски пазари, пред се’ од прехранбената и тутунската индустрија, мермерот, текстилот, кои со своите производи можат да се претстават во многу држави.

Со оваа средба меѓу нашите стопански субјекти и претставниците од економскиот дел на МНР, а во координација на Општина Прилеп, сигурен сум дека ја постигнавме целта и дека во иднина прилепските компании ќе бележат поголеми успеси на полето на економијата.

Во насока на подобро запознавање на можностите на прилепските компании, заедно со претставниците на Министерството за надворешни работи ги посетивме прехранбената индустрија „Витаминка“ и компанијата „Комфи Ангел“ – напиша Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.