Поранешната хрватска европратеничка Маријана Петир на сите православни христијани им го честита Велигден од македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, покрај протоереј Кирко Велински.
„На сите верници од православна вероисповед кои денеска го слават Велигден им посакувам среќен и благословен Велигден, како и да бидат исполнети со вера, надеж, љубов, велигденска радост и добро здравје.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ! #велигден #православие #Исус #Господ“, објави на Твитер основачката и поранешна шефица на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент.
Svim vjernicima pravoslavne vjeroispovijesti koji danas slave Uskrs želim sretan i blagoslovljen Uskrs te da budu ispunjeni vjerom, nadom, ljubavlju, uskrsnom radošću i dobrim zdravljem.
HRISTOS VOSKRESE – NAVISTINA VOSKRESE! #easter #ortodox#Jesus #God pic.twitter.com/WaSmfeuTCD— Marijana Petir (@marijana_petir) April 19, 2020