Танзанискиот вулкан Ол Доињо Ленгаи или “Божја планина” со полно право може да се наречи и “најчудниот вулкан во светот”, бидејќи неговата лава е најладна на Земјата.
Имено, лавата на овој активен вулкан во моментот на ерупцијата има температура околу 510 степени Целзиусови.
За тоа колку е ладна лавата сведочи и приказната за локалниот водич од племето Масаи, кој за време на една експедиција во 2007 година, во несреќни околности паднал во лавата.
Додека луѓето гледале, тој некако успеал да излезе од смртната опасност. Иако на нозете и на рацете има големи изгореници, водичот со своето чудесно преживување станал првиот човек кој успеал да се “искапи” во лава и да излезе жив.
Освен температурата, необичен е и составот на лавата од “Божјата планина”.
Africa's Lake Natron Turns Animals into Stone https://t.co/inhr8sMkEU pic.twitter.com/Bd6HJYtKEi
— Matador Network (@MatadorNetwork) July 17, 2016