Околината на Прилеп била од секогаш атрактивна за каменорезачката вештина.
Со векови мештаните камењата ги користеле како основа на нивните куќи, а оние повештите од каменот правеле и влезни скали за своите домови, огради за нивните ниви, корита за чешми итн.
И денес сеуште сведочат исправените камени блокови во околните ниви кои успешно пркосат на времето.
Ако не сте знаеле како се изработувале камените блокови тогаш, единствено нешто што ви преостанува е да прошетате по прилепската околина и да се потрудите да ги пронајдете трагите од овај многу напорен занает.
Во прилог се неколку фотографии снимени на Маркови Kули, како и видео запис на еден од ретките познавачи на овај занает.
Следниот пат кога одите на прошетка по Маркови Кули, Кукул, или било кој рид во околината на Прилеп, потрудете се да пронајдите траги од овај изумрен занает. Само така нема да се заборави трудот на нашите претци.