Краткото невреме кое денеска зафати делови од Прилеп направи големи проблеми, особено во населбата Варош.
Иако оваа населба е на највисоко, варошани се соочија со целосна катастрофа. Од фотографиите кои пристигнаа до нашата редакција се гледа дека водата навлегла во домовите, а градот кој паѓаше ги побелел дворовите и улиците во населбата.
Граѓаните од улицата “Димче Антулески” во оваа населба велат дека за проблемот веќе неколку пати пријавувале.