Еден збор – еден алтан, еден “Твит”- милијарда долари: Илон Маск направи “кapaмбол” на пазарот

На крајот од она што беше луда недела за пазарот, доаѓа Илон Маск кој помогна цената на биткоинтот да порасне за 15%.

Основачот на Тесла го додаде #bitcoin во својот Твитер профил во раните утрински часови пред да го напише мистериозниот Твит: “Ретроспективно, тоа беше неизбежно”.

Цената на криптовалутата скокна на 38.000 долари за помалку од еден час откако Маск имаше објава на Твитер.

“Не е сосема познато зошто Маск го презеде овој чекор”, вели Нил Вилсон, главниот аналитичар на пазарот на Markets.com.

Kaко голем инвеститор, Маск исто така влезе во драмата “Gamestop” која го потpece светскиот пазар оваа недела, откако вojската трговци на Редит ги купија акциите во “вojната” со Хеџ фондовите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.