Еден ден по изгласување на довербата на Заев, Собранието нема мнозинство за гласање

Само еден ден по изгласување на доверба на премиерот Заев од страна на Собранието, денеска во Законодавниот дом нема мнозинство за гласање. Собраниската сала полупразна, кворум за одлучување нема. Талат Џафери, собранискиот спикер за секој закон кажуваше дека нема услови за негово усвојување.

Опозицијата упати обвинување до власта дека сите 62 пратеници кои вчера изгласаа доверба на Владата, требало и денес да се појават на работа. ДУИ се правда дека некои пратеници биле отсустни од здраствени причини.

130 закони во овој момент се на чекање за усвојување, 4 седници се почнати а недовршени. Нема ниту нова седница закажано.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.