Фараонот Рамзес II, освен како египетски владетел, ќе остане запомнет и како првата мумија која добила пасош и тоа речиси 3.000 години после неговата смрт.
Сега веќе далечната 1976 година, поради префрлање во Франција, мумијата на фараонот морала да поседува пасош затоа што без тој документ неговите остатоци не можеле да го напуштат Египет.
Во делот каде требало да се напише занимање, пишувало починат крал, а на аеродромот во Париз, Рамзес го пречекале со највисоки војнички и државни почести, какви што доликуваат на еден крал.