ЕГЗОДУС и во КУМАНОВО: Второто полугодие не го продолжиле 131 ученик

– Според податоците, во четирите средни училишта во учебната 2023/24 година се запишале 3596, а испишани се вкупно 29 ученици, додека во основните училишта бројката е поголема и од вкупно запишани 9296, испишани се 102 ученици. Овие податоци укажуваат на фактот дека трендот на иселување продолжува и во текот на учебната 2023/24 година, посочуваат од секторот во денешната информација до медиумите.

Поголем дел од информациите кои доаѓаат од училиштата е дека учениците со семејствата заминуваат кон западноевропските земји, значително помал процент се отселени во други општини.

Според податоците од последниот попис, Куманово е најголема општина во државата со вкупно население од 98 104 жители.

-Процесот на миграција не запира. Иако Куманово е најголема општина во државата според број на население со 20 училиште и е со најголем број ученици, сепак не го одминува бранот на отселување особено кон западноевропските земји, изјави претходно раководителот на секторот, Александар Јовановиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.