(Соопштение од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ Штип)
“Споменикот кој ја отсликува нашата животна борба и мака, Споменикот на Децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје, во неколку наврати беше вандализиран.
Власта не превзема ништо за негово реставрирање. Ниту надлежните државни органи превземаат некакви мерки за откривање на сторителите и нарачателите на ова гнасно дело.
Поради тие причини, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ Штип ги повикува сите добронамерни луѓе да донираат за да можеме ние самите да го вратиме сјајот на Споменикот на Децата бегалци.
Споменикот претставува помен и вечен спомен за жртвите од Граѓанската војна во Грција, како и на Султана Нурџиева Делчева, мајка на великанот на Македонското револуционерно движење Гоце Делчев.
Мермерната плоча која што ја уништија беше поставена на 19 јули 2016 година, на Денот на Светителот Сисое Велики, заштитник на децата, со следниот текст напишан на македонски и англиски јазик:
“28.000 деца, најмногу Македонци од Егејскиот дел на Македонија и други места на Грција, насилно беа прогонети за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година.. Останаа трајно раселени во источноевропските и прекуокеанските земји. Далеку од своите родни огништа… Овој Споменик е вечен Паметник за геноцидот врз нив, нивниот егзодус и голгота…”
Мермерната плоча беше донација од Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушорадци од Лерин во Македонија и Светскиот Македонски Конгрес.
Да донираме сите заедно и да си ја зачуваме историјата! Сами ако не превземеме мерки, овој проблем можеби и нема да биде решен од оваа власт!
Пишете ни порака овде за да ви ги кажеме начините за донација! Татковината-копнеж на прогонетите! Да живее Македонија!”.