“Егеецот Димков ги мобилизира беломорците навредени од изјавите на Димитров и Бошњаковски??”

На денешната средба во Дом на АРМ во Скопје, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон” остро ги осуди изјавите на министерот за надворешна политика, Никола Димитров и портпаролот на Влада, Миле Бошњаковски.

На средбата беа присутни и пратеникот во Собранието на Република Македонина, Трајче Димков со потекло од Егејска Македонија и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Членовите на Сојузот едногласно се согласија дека Димитров, кој е по потекло од Егејска Македонија, свесно ги негира своите корени од Беломорска Македонија со изјави дека постоењето на македонско малцинство во Грција е грчка „внатрешна работа и предмет на грчка дебата” и дека Македонија нема да се меша во внатрешните работи на соседната земја според Преспанскиот договор и дека македонскиот јазик нема никаква врска со јазикот на грчките Македонци во Грција.

-Ние отсекогаш сме зборувале на македонски јазик, дури ни кога не протеруваа од нашите домови, ние не го знаевме грчкиот јазик, мојата баба не знаеше ниту еден грчки збор, изјави еден од членовите на Сојузот.

Македонците од Егејска Македонија истакнаа и дека чичкото на Димитров, Мице Димитров, е истакнат изведувач на македонски песни од Егејот, а Димитров директно го игнорира тој факт и ја погазува целата негова фамилија и неговите достигнувања за Македонците во Егејска Македонија.

Од Сојузот „Македон” рекоа дека ќе се борат со сите факти и докази дека тие се Македонци и дека во Егејска Македонија сеуште постојат нивни браќа, роднини и пријатели Македонци, наспроти откажувањето на Димитров и Заев од оваа категорија на луѓе кои најмногу страдале во македонската историја.

Тие на средбата истакнаа дека ќе ја дадат целосната поддршка на Гордана Силјановска-Давкова на претстојните Претседателски Избори и и’ се благодарни бидејќи таа застана прва во нивна одбрана и ја осуди ненародната изјава на Димитров.

Пратеникот Трајче Димков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ после средбата на својот Фејсбук профил напиша:

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.