Еврото скокна на највисоко ниво

received_10209003880045675

Еврото скокна на највисоко ниво за две недели, 1,1328 долари, што е дневен скок од 0,8 отсто. Оваа ситуација доаѓа откако претседателот на Европската централна банка Марио Драги истакна дека Управниот совет на ЕЦБ не ја разгледува можноста за зголемување на програмата за откуп на акции, пренесе „Ројтерс“.

Еврото се засили на двонеделен максимум, приносите на обврзниците на членките на еврозоната, исто така, пораснаа, додека по изјавата на Драги, европските берзи се во пад.

ЕЦБ, како и што се очекуваше, по вчерашниот состанок ги задржа рекордно ниските каматни стапки, одлучувајќи пред да преземе драстични акции, да почека да се се создаде јасна слика за целосните последици од ефектите на „Брегзит“.

Каматната стапка по главните операции за рефинансирање останува нула проценти, а таа на граничното кредитно олеснување е 0,25 проценти. Депозитна камата е на негативна територија во износ од минус 0,4 проценти.

ЕЦБ, исто така, благо ја намали прогнозата за економскиот пораст (од 1,7 на 1,6 отсто) на еврозоната и инфлацијата (од 1,3 на 1,2 отсто) во 2017 година.

ИЗВОР: РЕПУБЛИКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.