Европското првенство може да започне: Македонија ја победи Црна Гора!

Македонската ракометна репрезентација забележа победа на последната контрола пред стартот на Европското првенство. Нашите момци ја совладаа селекцијата на Црна Гора со 25-24 и во триумфална атмосфера ќе го дочекаат евро-шампионатот.

И на оваа средба селекторот Данило Брестовац го одмараше капитенот, Кирил Лазаров. Николче Митревски со 14 интервенции, Манасков и Талески со по пет погодоци беа први стрелци. Маџовски и Пешевски постигнаа три гола, по два имаа Кузмановски, Поповски и Стоилов, додека Крстевски, Велковски и Танковски запишаа по еден.

Македонската експедиција во Словенија ќе остане до осми јануари по што заминува во Виена. Првиот дуел на Европското првенство го играме на 10. овој месец против Украина, два дена подоцна силите ќе ги одмериме со Чешка, на 14. јануари се среќаваме со Австрија во последниот меч од групната фаза.

Според новиот систем, првите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната рунда.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.