Вака изгледа патот пред населеното место Ново Лагово. Жителите на ова населено место, кое се наоѓа на само 5 километри од Прилеп, се пожалија до нашата редакција дека секојдневно се на маки кога поминуваат по патот и дека ги испокршиле автомобилите.
Бараат општината итно да излезе на терен и да го санира овој горлив проблем.