Европски дипломати го прозваа Јанша зошто не му честитал на Бајден, а тој одговори со фотографија која вреди повеќе од 1000 зборови

Интересна полемика се одигра денеска на Твитер помеѓу германскиот дипломат Волфганг Ишингер, претставничката на делегацијата на Европскиот парламент Тања Фајон и словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Повод за ваквата дискусија беше најактуелното случување во светот, а тоа се изборите во САД, oдносно честитките до новоизбраниот претседател Џо Бајден.

“Многу добро, продолжи така, ЕУ! Мало прашање: Дали словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој претходно му честиташе на Доналд Трамп, ќе му честита сега на Бајден”, напиша во својот пост Ишингер.

Тања Фајон веднаш одговори:

“Зарем не мислиш драги Јанша дека партнерите од ЕУ заслужуваат одговор и словенечката јавност исто така. Дури и Орбан можеше”, напиша таа.

А потоа следуваше и одговорот од Јанез Јанша кој одговори со фотографија која вреди повеќе од 1000 зборови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.