Европскиот суд за човекови права пресуди: Јанакиески незаконски бил држен во притвор

Медиумите денеска ја објавија веста дека Европскиот суд за човекови права утврдил дека Миле Јанакиески незаконски бил држен во притвор, со што повредено му било правото на слобода поради непостоење на доволно причини за негово лишување.

„Предметот се однесува на две кривични постапки против г-дин Јанакиески, првата за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а втората за злоупотреба на службената положба, при што со одлуки на домашните судови тој беше лишен од слобода. Потпирајќи се на член 5 (право на слобода и безбедност) од Конвенцијата, г-дин Јанакиески се жали на наводна незаконитост и самоволие, немање релевантни и доволни причини и недостиг на брзо преиспитување на неговото лишување од слобода. Утврдена е повреда на член 5 став 3 поради немање доволно причини за лишување од слобода на жалителот и повреда на член 5 став 4 поради недостиг на ‘брзо’ преиспитување на лишувањето од слобода на жалителот“, стои во пресудата на ЕСЧП.

На Фејсбук потоа реагираше неговата колешка Горадана Јанкулоска, која одлежа 3,5 гоидишна казна во затворот Идризово за купвањето на блиндираниот мерцедес, случај “Тенк’ на некогашното СЈО кој и денеска го користи Владата.

„На денешен ден на Миле Јанакиески за првпат му беше определен притвор. Токму денес, после цели 5 години Европскиот суд за човекови права објави одлука со која утврдил дека постои повреда на правото на слобода на Миле Јанакиески затоа што не постоеле доволни причини за неговото лишување од слобода. Оваа одлука значи морална сатисфакција за Миле, но ништо не може да го надомести неповратно изгубеното време“ – напиша Јанкулоска на Фејсбук споделувајќи фотографија од семејството Јанакиески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.