Попладнево на одличниот терен во битолското населено место Црнобуки комбиниран состав на кадетите и младинците на Победа, во рамките на подготовките за новата сезона во Супер младинската лига, одигра пријателски натпревар со истоимениот домашен третолигаш.
Нашите млади фудбалери забележаа победа со резултат 3-2(1-0). Стрелци на головите: Ангел Јованоски, Леонардо Богданоски и Христијан Поп-Антоски.