Европската унија ги отвора границите: Државјани на Мозамбик, Замбија и Бутан со дозволен влез, но не и Македонија

Официјалните лица во Брисел синоќа разговарале на кои државјани од странски земји ќе им биде дозволен влез во Европската Унија на 1 јули кога границите ќе бидат отворени.

Како што пишува Еуроњуз постојат две листи, едната на државјани од земји кои ќе бидат прифатени за влез во земјите од ЕУ и втора листа во држави на чии граѓани нема да им се дозволи влез.

Иако конечната одлука не е донесена и преговорите ќе продолжат и во текот на денешниот ден, Еуроњуз од официјални лица дознава дека на „НЕ“ листата се наоѓаат САД, Катар, Русија и Бразил каде бројот на заболени од коронавирус се уште е висок и секојдневно се зголемува.

За Македонија конкретно се уште нема податоци, но според досегашните информации земјава не е дел од листата на држави чии граѓани по отворање на границите ќе може слободно да влезат во државите од Европската Унија.

Неофицијалната „ДА“ листа:

Ватикан, Монако, Црна Гора, Андора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Украина, Турција, Северна Кореја, Виетнам, Кина, Турмекистан, Тајланд, Мјанмар, Монголија, Јапонија, Јужна Кореја, Грузија, Бутан, Либан, Индонезија, Узбекистан, Индија, Таџикистан, Казахстан, Нов Зеланд, Палау, Австралија, Домениканска Република, Бахами, Уругвај, Јамајка, Света Луција, Куба, Гвајана, Парагвај ,Венецуела, Никарагва, Костарика, Канада, Ангола, Тунис, Намбија, Уганда, Мозамбик, Замбија, Руанда, Мароко, Алжир, Етиопија, Мауритиус, Египет.

За останатите држави дополнително ќе се разговара и ќе се бараат прецизни епидемиолошки информации.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.