Европратеничката и пријател на Македонија, Маријана Петир, не го признава новото име на земјава кое за неа е резултат на насилство на западот кон македонскиот народ.
“Јас и понатаму планирам Македонија да ја нарекувам Македонија. Преспанскиот договор претставува насилство на западната демократија над една држава и еден народ“, порача на социјалните мрежи европратеничката од Хрватска во Европскиот парламент.