Еве што напиша денес на Твитер: Последната порака на Коби Брајант

Последната порака на Коби за светот беше упатена кон Леброн Џејмс.

„Продолжи да ја менуваш играта. Голема почит за тебе брате 33 644“, напиша Коби.

Неколку часа пред трагичната нecpeќа Леброн Џејмс во поразот на ЛА Лејкерс од Филаделфија го надмина Коби Брајант по бројот на поени во НБА лигата.

Џејмс дојде до бројката од 33.644 поени, а тоа го оствари во патики кои беа посветени токму на Брајант.

На патиките беше испишано „Mamba 4 life“, односно „Мамба засекогаш“, со што сакаше да порача дека учинокот на Брајант е вечен и незаборавен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.