По пауза од 4 години, возбудливиот турнир “КГЈ 3х3” повторно се одржува во Прилеп.
Вчера и денеска на спортското игралиште во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” се одржува 13-то издание на популарниот турнир во кое има пријавено над 20 екипи од Прилеп.
Она што можеше да се забележи на првиот ден од турнирот беше присуство на голем број млади луѓе, кои на едно место се забавуваа и уживаа во одлични баскет натпревари.
Еден одличен турнир кој заслужува во иднина поголема поддршка и афирмација низ целата држава!