Еве што е пронајдено за време на претресот во манастирот во Бањско

Рашко-призренската епархија денеска објави ново соопштение во кое се наведува дека српскиот владика Теодосиј го посетил Бањскиот манастир каде игуменот Данило го информирал за вчерашните и денешните случувања во манастирот и околината.

„Во текот на денот ЕУЛЕКС и косовската полиција дојдоа во манастирот да истражат. Во манастирските конаци и црквата, кои се наоѓаат во внатрешноста на ѕидовите на манастирот и кои беа заклучени за време на сите настани. ЕУЛЕКС и полицијата не пронајдоа ништо што може да ги компромитира манастирот и монасите“, се вели во соопштението, во кое потоа се додава:

„Но, на две места во манастирскиот двор пронајдено е огнено оружје, панцири и делови од опрема, кои вооружените лица ги фрлиле при повлекување од манастирот. Исто така, во манастирот не наишле на никакви траги од крв, а во текот на целото време на инцидентот немаше жртви внатре во ѕидовите на манастирот. Форензичарите земаа отпечатоци од прсти и ги интервјуираа приврзаниците, кои потоа во придружба на полицијата и ЕУЛЕКС отпатуваа до нивните домови преку преминот Јариње“.

Игуменот Данило, при претресот на манастирот, на ЕУЛЕКС и на полицијата им ги покажал сите простории на конакот, од каде можело да се види дека монасите и верниците на никаков начин не учествувале во трагичните настани. Во манастирот полека се нормализира монашкиот живот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.