Новата година се ближи и повеќето од нас веќе имаат некаков план, но да видиме што предвидува хороскопот за новогодишната ноќ…
Овен
Најдобро би било Новата година да ја дочекате на некое јавно место во вашата блиска околина. Доколку планирате новогодишната прослава да ја поминете во странство или на некое кратко патување, можеби и нема да си поминете како што очекувате. Женските припадници на овој знак лесно можат да запознаат некоја нова личност, која ќе ги заинтригира со својата ноншалантност и харизматична појава. Машките Овни потешко ќе комуницираат со спротивниот пол, па во тој случај се препорачува да ја поминете ноќта со личности кои добро ги познавате. Во текот на денот можно е да следи мал пад на енергијата, па не е препорачливо да претерувате со алкохолот.
Бик
Ќе бидете многу весели и оптимистични, полни со еуфорија и со самото тоа ќе бидете спремни новогодишната ноќ да ја поминете во некој ноќен клуб, на некоја луда журка, а можно е во текот на вечерта да посетите и повеќе локали. Некои Бикови ќе размислуваат за коцкање и новогодишна лотарија, а добивките се секако можни! Полни сте со позитивна енергија која лесно ја пренесувате на другите и сакате добра забава, па кој и да се најде во вашето друштво може да очекува извонредна вечер! Ако планирате да бидете со вашите сакани, ќе имате возбудливи заеднички моменти и ќе уживате со некој добар пијалак.
Близнаци
Можно е пред самиот дочек на новата година да почувствувате нервоза. Ќе ги собирате впечатоците од сите случувања од претходната година и ќе си создадете голем притисок врз самите себе за да направите некаква промена. Наместо да ги пресметувате идните трошоци во својата глава, обидете се да се опуштите и да уживате заедно со личностите кои ви се драги. Можеби нема да бидете расположени за големо друштво или за излегување, но затоа можете да уживате во семејната атмосфера или на некоја домашна журка на која ќе присуствуваат вашите долгогодишни пријатели. Запомнете дека не е сѐ во парите и дека треба да допуштите духот на празничното расположение да ве допре и вас.
Рак
Доколку сте презеле одговорност да се занимавате со организацијата на дочекот на Новата година, независно дали се работи за приватен или професионален план, можете да очекувате многу успешен проект! Ќе бидете доволно посветени на организацијата на настанот и ќе сакате лично да се уверите дека сè е под контрола и совршено организирано, за во клучните моменти да има доволно храна, пијалаци и музика. Пред крајот на вечерта и вие ќе направите одмор и ќе уживате во можноста за нови познанства и ширење контакти. Верувале или не, во текот на најлудата ноќ ќе стекнете ново познанство кое ќе биде значајно за вашата работа!
Лав
Можно е да бидете зафатени и оптоварени со работата пред самиот дочек на Новата година. Иако не сте работохолик, токму сега можно е да бидете потребни на работа и едноставно нема да можете да добиете слободен ден или ноќ. Доколку успеете да се извлечете од стресот кој со себе го носат работните обврски, можете да очекувате добра забава во некое културно опкружување, во ресторан на високо ниво или на некој настан со мал број избрани гости – да не речеме елитата. Ноќта ќе биде угодна и пријатна, ќе успеете да се опуштите и да уживате, но нема да претерувате со алкохолот, бидејќи нема да сакате да го расипите впечатокот кој го оставате врз таквото важно опкружување.
Девица
Можно е токму за дочекот на Новата година да бидете најинтересни! Со оглед на тоа дека Месечината е во вашиот знак, ќе бидете под силно влијание на емоциите и ќе биете преплавени со големи желби, надевања и чувства. Грижата за семејството ви е на прво место, па можно е новогодишната вечер да ја поминете со некој член на вашето семејство. Доколку сте во брак, тогаш со партнерот ќе изберете некое место кое инаку сакате да го посетувате за заедничките прослави. Во доцните часови ќе станете неумерени како во храната, така и во пиењето, но не би требало да има поголеми проблеми, бидејќи добро го поднесувате алкохолот. Само, немојте да возите во ваква состојба – земете такси!
Вага
Долго се спремавте за новогодишната ноќ и сакате да го оставите најдобриот можен впечаток врз опкружувањето во кое планирате да се најдете. Јасно е дека до израз ќе дојдат сите ваши атрибути, па и вашите заводнички способности. Ќе ја заведете личноста која ви се допаѓа, иако можеби таа е веќе долго време во врска. Ќе имате шанса и за една дополнителна авантура. Вечерта, кај вас сѐ ќе се сведува на страст и љубов. Мали се шансите да останете во контакт со личноста со која ќе ја поминете ноќта, но барем ќе имате едно многу занимливо искуство и сеќавање кое долго ќе остане со вас и кое секогаш ќе ве натера да се насмеете.
Шкорпија
Вие сте полни со енергија и сакате добра забава! Дочекот на Новата година ќе го поминете опкружени со голем број познаници и пријатели. Ќе бидете во центарот на вниманието додека држите некој говор или здравица и ќе покажете некои од вашите таленти. Ќе уживате во можноста да стекнете нови познанства и максимално ќе се опуштите. Вие знаете дека ова не е вечер во која треба да бидете оптоварени со проблеми, туку опуштени со насмевка и ентузијазам, и токму така ќе сакате да ја испратите старата и да ја дочекате новата година!
Стрелец
Венера е во вашиот знак, па со самото тоа вие сте полни со позитивна енергија, зрачите со посебен шарм и сакате да истакнувате некои од вашите физички адути. Женските Стрелци ќе ги привлекуваат погледите на многу мажи каде и да се појават и едноставно ќе зрачат со својот изглед кој ќе ги двои од сите – во позитивна смисла. Машките припадници на овој на знак вечерва ќе бидат омилени во женското друштво, па ако ја искористите вашата смисла за хумор – ќе ја освоите и онаа која ви се допаѓа, но и нејзината другарка, сосетка и сестра… Небото е граница за вас, максимално сте опуштени и одлично расположени, едноставно плените, свесни сте за тоа и ја користите позитивната ситуација!
Јарец
Доколку сте планирале да одите на патување или дочекот на Новата година да го поминете со саканата личност во странство – можете да очекувате повеќе од одлична ситуација. Забавата е за вас загарантирана. Сакате да уживате, но трезни. Не сакате да изгубите ниту еден драгоцен момент бидејќи ви е важно да ги запомнете моментите кои се случуваат во моментот. Не ви одговара опкружувањето кое е премногу исфорсирано и сакате да бидете во друштво кое е максимално опуштено, природно и со кое можете да бидете целосно свои.
Водолија
Вие одлично ќе се вклопите во заедничко друштво со Бик. Можете да очекувате одлична забава во некој ноќен клуб, на журка или концерт, опкружени со голем број позитивно наелектризирани луѓе. Како и секогаш, бунтовни, оригинални и свои, и за оваа ноќ подготвивте посебен изглед со кој ќе сакате да привлечете внимание. Не ви се толку важни храната и пијалаците, колку што ви се важни добрите луѓе околу вас и сакате да бидете во атмосфера со музика која е баш по ваш вкус. Некој би рекол дека сте пребирливи, но вие само го барате она што ви одговара и не се задоволувате со помалку од тоа!
Риби
Доколку сте во подолга врска, а имате сериозни планови за иднината со таа личност, ова е идеален момент за веридба, односно предлог за заеднички живот или брак! Која идеја и да ѝ ја предложите на саканата личност, ќе биде позитивно прифатена! Препорачливо е новогодишната ноќ да ја дочекате во пар со некого, бидејќи само на тој начин ќе се чувствувате комплетни и исполнети. Многу сте романтично расположени, па во некои часови ќе посакате заедно со саканата личност да побегнете од гужвата во некоја поубава, поинтимна атмосфера во која ќе уживате до утринските часови.