Во текот на воените вежби кои беа изведени во регионот на Волгоград, беше тестиран и новиот ракетен систем „Буратино“ или популарно наречениот „Сончев Оган“ кој може со една стрелба да срамни со земја неверојатни 60.0000 квадратни метри.
„Според доктрината, пешадиските единици изведуваат мобилна одбрана, задржувајќи ја офанзивната супериорност врз противникот. Во вежбите беа искористени системите ТОС-1 „Сонце“ и РПО-А за уништување на тотална површин од 60.000 квадратни метри“ – се вели во соопштението на Јужниот дистрикт на Руската Армија.
Воените вежби се одржуваат од 15-ти до 20-ти Август на воените полигони во Волгограскиот регион, Крим и Чеченија како подготовка за стратешките маневри „Кавказ-2016“. Во вежбата се вклучени 900 војници и 300 парчиња опрема.