Комисијата за финансирање и буџет при Советот на Општина Прилеп oдлучи која навладина организација и спортски клубови по колку пари од буџетот ќе добијат.
На одржаната седница на ден 21.08.2020 година, комисијата во состав Александар Китаноски-претседател, Елизабета Сурлаџија, Тони Камчески и Ирена Стерјоска Локвенец, на која седница ги разгледа барањата за распределба на средства од буџетот на Општина Прилеп за 2020 година, наменети за финансирање на Здруженија на граѓани и фондации како и спортски клубови во областите од надлежност на општината, по Јавниот Повик бр. 01/2020 и беа донесени следните одлуки:
Најмногу средства има одвоено за ФК Победа 1,5 милиони денари и 1 милион денари за ракометниот клуб Прилеп.
Од останатите спортски клубови се издвојува женскиот фудбалски клуб “Деспина”, за кого има одвоено 120.000 денари, спортско рекреативен и карате клуб “Бонсаи” 100.000 денари, спортскиот клуб “ОФФ РОАД Прилеп” има добиено 120.000, шаховскиот клуб “ПРИЛЕП” има добиено 150.000 денари, кошаркарскиот клуб “Мега Баскет” 100.000, a клубот за екстремни спортови “Скај Рајдерс” доби 250.000 денари.
Од здруженијата се издвојуваат: Центарот за подршка на лица со интелектуална попреченост “ПОРАКА” со 100.000 денари, Детска амбасада за СИТЕ ДЕЦА ВО СВЕТОТ Прилеп со 80.000 денари и Здружението за Перспективна Интеграција и Развој “РОМА ПЕРСПЕКТИВ” со доделени 100.000 денари.