Во Италија расте исчекувањето за тоа кој ќе ја наследи деловната империја на починатиот поранешен премиер Силвио Берлускони.
„Кориере дела сера“ пишува дека како што поминува ден по ден од погребот на Берлускони, кој се одржа со државни почести во средата во Милано, станува се појасно дека централната фигура во оваа приказна за наследување е неговиот сметководител.
Се вели дека Џузепе Спинели (81) од градот Бресо, осум километри северно од Милано, е личноста која ги чува сите деловни тајни што ги оставил Берлускони, со кој имал многу интимни односи.
Testamento di Berlusconi: il ruolo del ragioniere Spinelli, presidente di quattro finanziarie https://t.co/LaDExYeeGn
— Corriere della Sera (@Corriere) June 17, 2023
Тој е претседател на четири финансиски компании основани од Берлускони, кои имаат мнозински удел од 61 отсто во неговата холдинг компанија „Фининвест“, во која спаѓаат медиумскиот гигант „Медиасет“, една од најголемите италијански издавачки компании „Мондадори“ и други компании. „Кориере дела сера“ наведува дека за семејните сефови покрај Спинели се грижел и Салваторе Саса, сенатор од партијата Форца Италија на Берлускони. Се наведува дека отворањето на тестаментот на Берлускони може да биде одложено за неколку дена и дека не е невозможно да има изненадувања.