Не така многу одамна голем број невладини организации и активисти жестоко пpoтecтиpaa за набавката на владиниот Мерцедес што го набави владата на поранешниот премиер Никола Груевски.
Вчера медиумите пренесоа информација дека за две години оваа власт потрошила 8 милиони евра од буџетот за нови возила, во кои денес се возат, вклучувајќи го тука и фамозниот „мерцедес“, за кој ветуваа дека ќе го продадат и ќе набават амбулантни возила.
Во последните две и пол години државните институции набавиле вкупно 392 нови патнички возила за што потрошиле 8,1 милиони евра, покажуваат податоците од истражувањето и базата на податоци што денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
-Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30.000 евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „пасати“ по 39.000 евра секој. Сепак, најскапото возило го купило Општина Струга и чинело 66 илјади евра.
Средната вредност на возилата купени од државните институции изнесува 17 илјади евра, покажуваат податоците.
Во продолжение погледнете кој купил најскапи автомобили: