Еве кој е нов Директор на Центарот за култура “Марко Цепенков” – Прилеп

Kaко што дознаваме, Центарот за култура “Maрко Цепенков” во Прилеп има нов директор.

На местото на Менче Караџоска, која на функцијата беше како вршител на должност, доаѓа Марија Спиркоска Илијеска, повеќегодишна актерка во Народниот театар “Војдан Чернодрински”.

Maрија Спиркоска Илијеска е ќерка на легендарниот актер Благоја Спиркоски – Џумерко.

Јавноста сеуште нема одговор зошто беше разрешена Караџоска, која беше опфатена со така наречената “метла” на премиерот Зоран Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.