Голема колона камионџии се упатија пред Владата каде ќе го изразат својот револт од покачувањето на акцизата за горивата.
Камионџиите својот собир го започнаа од обиколницата кај Скопје, а за во 12 часот треба да бидат пред Владата.
Тие бараат наместо зголемување на акцизата на горивата, воведување на прогресивен данок заради надминување на економската криза предизвикана од епидемиjaта.