Во случај пред една деценија да сте одлучеле да инвестирате 1.000 евра во “Ејпл”, денес би се чувствувале прилично добро.
Според пресметките на медиумската куќа “CNBS”, секој кој во почетокот на август 2008 година вложил 1.000 евра во акциите на “Ејпл”, сега би имал 9.000 евра или 9 пати повеќе од почетниот влог, и тоа исклучувајќи ја дивидендата.
Овој рекорден резултат ја означи победата на компанијата која ја основа Стив Џобс во трката со Амазон.