Еве колку одделува Општина Битола за спортот во 2024

Општина Битола во предлог програмата на буџетот за спорт, предвиде речиси 1 милион евра за спортските клубови и спортски настани.

За фудбалскиот клуб Пелистер во буџетот за 2024 година предвидени се дури 14 милиони денари, 12 за кошаркарскиот клуб и уште 15 милиони за Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер.

Понатаму за традиционални спортски и хуманитарни манифестации, општината предвидела 1,6 милиони денари, а за училишен и универзитетски спорт високи 1,1 милиони денари.

Вкупната сума е 55.250.000 денари, или близу 1 милион евра. Со ваков буџет за спорт, спортските клубови и спортистите во Битола и тоа како ќе бидат мотивирани да постигнуваат високи успеси.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.