По 230 Балканци секој ден заминуваат во Германија за да живеат и работат.
Во Германија лани се издадени 85.434 дозволи за престој за жители од Западен Балкан. Српскиот весник Блиц анализира дека секојдневно во Германија заминуваат повеќе од 230 Балканци.
Од Македонија и Албанија заминале околу 12.000 луѓе, додека од Босна и Херцеговина околу 15.000.
Податоците покажуваат дека минатата година околу 22.000 Срби ја добиле првата дозвола за престој во Германија.
Тие најчесто работат во мали фирми што се занимаваат со угостителство, производство, но ги има и во метална индустрија, градежништво, земјоделство, здравство.
За поголемиот дел од овие работни места не е неопходно познавање на германскиот јазик, но сепак е пожелно, особено за оние кои работат во здравствени институции.
Плати до 4.000 евра заработуваат професионални возачи. Работниците на обезбедување објекти земаат до 1.800 евра месечно, исто колку и негувателите на стари лица.
Медицинските сестри заработуваат и околу 2.300 евра секој месец. Повеќето балканци во Германија работат како стручна работна сила.