Еве кои 5 професии земаат најмногу плата во Македонија: Најплатените добиваат по 60.000 денари месечно

Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за просечната месечна исплатена нетоплата по вработен која во јули, 2019 година изнесувала 25.104 денари. Статистиката открива дека во некои сектори просекот на платите е двојно поголем отколку оној на државно ниво.

На ранг-листата на пет највисоки просечни плати по вработен во јули се најдоа секторите: компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (59.907 денари), воздухопловен транспорт (51.052 денари), дејности на изнајмување и давање под закуп – лизинг (50.576 денари), производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (44.845 денари) и финансиско-услужните дејности, освен осигурување и пензиски фондови (42.476 денари).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.