Oд 15. декември стартуваше „Новогодишната кошничка“ која ја спроведува Министерството за економија и труд, а на иницијатива на производителите, дистрибутерите и маркетите.
Листата досега брои над 1.000 различни прехрамбени производи од 95 производители/дистрибутери, чии цени се намалени за најмалку 10%. Производите можат да се најдат во 42 синџири на маркети низ државата, а граѓаните листите на производи од секој производител и маркет можат да ги погледнат на веб страната www.mojakosnica.mk.
Oд министерството информираат дека интересот за акцијата и понатаму трае. Секојдневно со свои производи се пријавуваат нови компании, кои покажуваат општествена одговорност и дел од својот асортиман го ставаат на располагање по намалени цени.
Целта е да се обезбеди пристојна празнична трпеза за трпезите за секое семејство во државата. Граѓаните пак се интересираат, проверуваат, ги бараат ознаките со натписот “Помалку трошоци, повеќе за тебе” и проверуваат дали цените се намалени.
До нас стигнаа дописи од читатели кои се интересираат кои маркети во Прилеп учествуваат во новогодишната кошница и каде има намаленија.
Според нашите сознанија, граѓаните поевтино во Прилеп можат да пазарат во сите КАМ маркети, дисконтите на СТОКОМАК, маркетите на КИПЕР, ЖИТО маркети, маркетите на ФУТУРА и маркетите на ТОБАКО.
Сите овие маркети имаат свои листи на производи со кои учествуваат во акцијата. Проверете на www.mojakosnica.mk