Еве кога се очекува првиот снег во Македонија

Ако може да им се верува на долгорочните временски прогнози, тогаш оваа сезона, нема да има некоја студена зима. Она што од сега се прогнозира покажува дека температурите во минус ќе бидат само во ноќните и раните утрински часови додека во текот на денот, ретко кога ќе имаме температури кои ќе бидат пониски од 5 степени.

Во однос на врнежите, ноември се очекува да заврши без некои интензивни врнежи на дожд. Се до последната недела од месецот ќе имаме двоцифрени дневни температури. На крајот од овој месец температурите благо ќе се намалат но повторно, утринските ретко ќе се спуштаат под минус 3 степени, а дневните под 7 степени.

Првиот снег се очекува уште на стартот на декември. Најавите се дека тогаш ќе имаме една цела недела врнежи кои генерално ќе бидат од дожд но во текот на ноќите ќе се префрла на снежни врнежи.

Во втората половина на декември ќе има благо зголемување на температурите, пред се поради облачноста па врнежите ќе бидат од дожд.

Разведрувањето во претпоследната недела од последниот месец во годината ќе донесе ниски утрински температури од минус 5 степени но и многу сонце во текот на денот кое температурите ќе ги качи на 8 степени, што е висока температура за крајот на декември.

Околу Нова Година повторно се очекуваат врнежи, но не и некои ниски температури.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.