Премиерот Зоран Заев прими делегација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (Синдикат на УПОЗ) предводена од претседателот Пецо Грујовски и генералниот секретар Трпе Деановски, пренесува Макфакс.
Од Владата соопштија дека договорено е во Буџетот за 2021 година за првпат да се предвиди и исплата на регрес за годишен одмор, К-15, согласно потпишаниот Грански колективен договор, односно за органите на државната управа, стручните служби на Владата, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието.