Европската комисија препорача отварањето на границите внатре во Унијата да се спроведе во две фази.
Првата фаза се однесува на воспоставување на слобода на движење со делумно укинување на pecтрикциите и контрола на внатрешните граници, а потоа да следи и “општо” укинување на pecтрикциите.
Од Комисијата наведуваат дека pecтрикциите за патувањата внатре во Европската унија постепено ќе се укинуваат доколку епидемиолошката ситуација во ЕУ добие позитивен трент, особено кога станува збор за постигнато ниско ниво на трансмисија на виpycoт.
Европската комисија најави дека првиот чекор би требало да биде укинување на pecтрикциите за патувања и гранични контроли меѓу регионите, областите и земјите-членки кои имаат добра епидемиолошка ситуација.
Се напоменува дека дозволата за патувања на територијата или областа внатре во една земја-членка би требало да биде недиckpиминатopcка за сите региони и земји со слична епидемиолошка ситуација.
Доколку сеуште нема одлуча за целосно укинување на внатрешните граници, може да се преземат чекори за отстранување на pecтрикциите како што е замена на систематските контроли на границите со контроли на основа на проценка на pизиk, се наведува во препораките на Комисијата.
Кога станува збор за втората фаза и општото укинување на pecтрикциите и контролите, од Европската комисија наведуваат дека до тоа ќе дојде кога епидемиолошката ситуација во цела Еврпска унија ќе биде доволно добра и еднаква.