Еве како изгледал профилот на Путин: Документите на КГБ достапни за јавноста

Во Централниот државен архив со историско-политични документи во Санкт Петербург го објавија профилот на младиот Владимир Путин кој го направила КГБ, пишува “78.ру”.

Во текстот се наведува дека Путин се наоѓал на листата на комсомољската организација во Управатана на КГБ од 1975 година.

“За време на работењето во органите на државната безбедност Путин В.В. се покажал како одличен извршител, дипломиран и совесен работник. Принципиелен. Има авторитет кај колегите”, покажуваат карактеристиките.

Во документите се наведува дека Путин е мајстор во џудо и будо. Владимир Путин започнал да работи во КГБ по завршувањето на Правниот факултет на Ленинградскиот универзитет во 1975 година.

Тој работел и во источна Германија во периодот од 1985 до 1990 година во надворешноразузнавачката служба. Тој во 1991 година дал отказ од органите за државна безбедност.

Да потсетиме, телевизијата “Звезда” претходната недела ја прикажа собата во која рускиот претседател живеел додека учел да стане агент во Краснознамениот институт на КГБ СССР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.