“Еве како го навредуваа владините функционери австрискиот Премиер Курц?!”

Министерот за надворешни работи Никола Димитров покрај невкусните шеги, на неговиот Фејсбук профил го обвинуваше Курц за автократ, евроскептик и противник на влезот на Македонија во ЕУ. Димитров дури и пишуваше дека се трампа демократијата за отворање на мигрантска рампа. Сега откако неговата влада го моли Австрискиот канцелар да се појави пред референдумот, се поставува прашањето дали се трампа државното име за мигрантската рампа?

Јани Макрадули го обвинуваше за мито, додека пак актуелниот министер задолжен за дијаспора, Едмон Адеми се закануваше дека Курц ќе мора да се извини пред повторно да ја посети државата.

Со навреди не се штедеа ни еден од најгласните поддржувачи на СДСМ, Саше Политико, а ни новинарот Бранко Тричковски кој го обвинуваше Себастијан Курц за злосторничко здружување носење мигранти и како што напиша глупирање пред демократските, културните и мултикултурните традиции на Австрија.

Граѓаните се уверија дека СДСМ по секоја цена се обидува да го истурка договорот, па најмал проблем им е да си го погазат тоа што го кажале. Но, останува нејасно дали функционерите на СДСМ ќе му се извинат Австрискиот канцелар за невкусните шеги и навреди кои ги упатуваа пред нецели две години.

Извор: “Република”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.