Утре ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Додека во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец.
Ако сте метеопат треба особено да внимавате бидејќи промените секако не се здрави. На сите чувствителни или хронично болни лица им се препорачува да бидат внимателни.
Можни се главоболки, вртоглавици, нервоза и омалаксаност.