Еве зошто во Италија ќе го обожаваат: Ноле донирал цело богатство, а не сакал тоа јавно да се објави

На Новак Ѓоковиќ му заблагодаруваат од сите страни по донацијата во Бергамо, најсилно погодениот град од кopoнавиpycoт.

Најпрво му се заблагодари познатиот италијански новинар Убалдо Сканагата, кој исто така е и голем познавач на тенисот и пријател на Новак. Тој во еден авторски текст му се обрати на Србинот и воопшто не ги штедеше комплиментите.

Италијанецот во таа прилика откри дека Новак донирал 1 милион евра за болниците во Бергамо и замолил тоа да остане во тајност.

“Србинот донираше милион евра за болниците во Бергамо и не сакаше тоа јавно да биде објавено. Вистински пример колку голем човек е тој”, го започна текстот Сканагата на својот портал “Ubi tenis”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.